четврток, ноември 5, 2026
Дома БАЛКАН Турција се обидува да го отвори патот кон мир: Ердоган бара директни...

Турција се обидува да го отвори патот кон мир: Ердоган бара директни разговори со Путин

0
EPA/NECATI SAVAS

Турција ќе продолжи со напорите за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, а претседателот Реџеп Таип Ердоган изрази намера да разговара за ова прашање со рускиот претседател Владимир Путин.

„Како Турција, правиме сè што е во наша моќ за да го отвориме патот кон мирот и ќе продолжиме да го правиме тоа. По мојата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, сега сакаме да стапиме во контакт и со руската страна и да разговараме со претседателот Путин“, изјави Ердоган за новинарите за време на летот при враќањето од Јужна Кореја.

Осврнувајќи се на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Турција во саботата, Ердоган наведе дека разговарале за значењето на дипломатските напори насочени кон завршување на војната.

Тој истакна дека за време на средбата ја нагласил важноста од продолжување на дипломатските иницијативи и преговори како пат кон решавање на конфликтот.

Ердоган додаде дека турските претставници – пред сè министерот за надворешни работи Хакан Фидан – ќе продолжат со разговорите со своите руски колеги, со цел да се постават темелите за можна средба со Путин.

ИЗДВОЕНИ