Патниците на летот на „Ер Србија“ од Белград кон Букурешт се соочија со вознемирувачка ситуација откако, додека авионот бил во воздух, била примена закана за поставена бомба. Сепак, леталото безбедно слета на аеродромот на дестинацијата, а по слетувањето, случајот го презедоа надлежните романски органи, кои постапуваат согласно безбедносните протоколи.
„Во четврток, 5 ноември 2026 година, по закана за поставена бомба пријавена до надлежните на аеродромот во Букурешт за време на летот JU102 од Белград кон Букурешт, ’Ер Србија‘ ја известува јавноста дека авионот безбедно слета на својата дестинација. По слетувањето, случајот го презедоа надлежните романски органи, кои спроведуваат процедури во согласност со утврдените безбедносни протоколи“, соопштија од „Ер Србија“.












