четврток, јуни 25, 2026
Дома МАГАЗИН Триесет години музичка кариера одбележани со фантастично аудиовизуелно шоу: „Нокаут“ ја распамети...

Триесет години музичка кариера одбележани со фантастично аудиовизуелно шоу: „Нокаут“ ја распамети публиката во С.Ц. Јане Сандански/ФОТОГАЛЕРИЈА

2699
Фото:П.Стојановски

Вечерва, на 9 мај, со почеток од 21 часот, во С. Ц. „Јане Сандански“, мегапопуларниот рок-состав „Нокаут“ со голем концерт  прославува 30 години од кариерата.

Преку концертна изведба на нивните најголеми хитови… „Еј би си“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Хајфај“, „Мене ми припаѓаш“, „Сонувам диско“, „Илјада причини за крај“, „Позитиво“, „Да си тука вечерва“, „Кога ме сакаш ти“, „Лебедот бел“, „Знаеш каде да ме најдеш“… присутната публика и верните фанови низ годините  имаат можност да се потсетат, со многу емоции, и на прерано починатиот член на групата, легендарниот Ацо Конга. Благодарение на „Нокаут“, С. Ц. „Јане Сандански“ вечерва беше претворена во вистинска музичка арена.

Нивниот концертен јубилеј го збогатија и гостите на бендот, добропознатите Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, „Дупер“, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски…

Фото:П.Стојановски

 

ИЗДВОЕНИ