петок, јули 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Три нови стипендии за здравствени работници во чест на проф. д-р Бојо...

Три нови стипендии за здравствени работници во чест на проф. д-р Бојо Андрески

Доделувањето на стипендиите е во чест и сеќавање на прерано починатиот основач на најстариот приватен универзитет во државава, проф. д-р Бојо Андрески, и претставува придонес кон заедницата и поддршка за здравствените работници во унапредување на нивните професионални вештини. Од Универзитетот додаваат дека мотото „Едно семејство – една визија“, кое го поставил основачот, и денес претставува водилка во нивната работа и развој. „Неговите дела и визија нè обврзуваат да продолжиме по патот што тој го трасираше“, наведуваат од Европскиот универзитет – Скопје.

1

Шеста година по ред, Европски универзитет – Скопје доделува три стипендии „Проф. д-р Бојо Андрески“ на здравствени работници за студирање на втор циклус постдипломски студии на Факултетот за економски науки, на студиската програма „Здравствен и фармацевтски менаџмент“, за академската 2026/2027 година.

И оваа година, изборот на добитниците на трите главни стипендии беше извршен по случаен избор – со извлекување.

Стипендија со 70 отсто ослободување од школарина ѝ беше доделена на Маја Трајановиќ, вработена во ЈЗУ Општа болница Куманово. Делумна стипендија од 50 отсто доби Зорица Русева, вработена во ПЗУ „Интермед арт“, додека целосна стипендија со 100 отсто ослободување од школарина му беше доделена на Кристијан Алчевски, вработен во Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Од Универзитетот посочуваат дека со овие стипендии им се овозможува на здравствените работници дополнително образование и професионално усовршување, како дел од нивната долгогодишна поддршка за кадрите во здравствениот систем.

„Задоволство ни е што преку оваа програма продолжуваме да вложуваме во здравствените работници и да ја негуваме визијата на основачот, проф. д-р Бојо Андрески“, велат од Европскиот универзитет – Скопје.

Стипендистите, по завршувањето на студиите, ќе се стекнат со 60 ЕКТС-кредити и со звањето магистер по економски науки во областа на здравствениот и фармацевтскиот менаџмент.

Доделувањето на стипендиите е во чест и сеќавање на прерано починатиот основач на најстариот приватен универзитет во државава, проф. д-р Бојо Андрески, и претставува придонес кон заедницата и поддршка за здравствените работници во унапредување на нивните професионални вештини.

Од Универзитетот додаваат дека мотото „Едно семејство – една визија“, кое го поставил основачот, и денес претставува водилка во нивната работа и развој.

„Неговите дела и визија нè обврзуваат да продолжиме по патот што тој го трасираше“, наведуваат од Европскиот универзитет – Скопје.

Проф. д-р Бојо Андрески (1959 – 2020) беше еден од пионерите на приватното високо образование во земјата, препознатлив по својот претприемачки дух и по вложувањето во образованието и студентите.

(А. С.)

ИЗДВОЕНИ