Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради зголемената фреквенција на возила, на граничниот премин Табановце се чека околу 30 минути за влез во државата. На граничниот премин Богородица, пак, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути.
Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.
Особено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.











