сабота, август 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Портокалова тревога низ Македонија: Денеска екстремно топло, следуваат уште потопли денови –...

Портокалова тревога низ Македонија: Денеска екстремно топло, следуваат уште потопли денови – не излегувајте без потреба!

0

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 км/ч.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени

ИЗДВОЕНИ