недела, септември 20, 2026
Дома СВЕТ Трамп подготвува финансиска блокада на Меѓународниот кривичен суд

Трамп подготвува финансиска блокада на Меѓународниот кривичен суд

0
Фото: EPA/AL DRAGO / POOL

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд, објави денеска „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на американски официјални лица.

По преоден период од шест до седум месеци, санкциите би забраниле речиси сите трансакции со Судот, наведува весникот, повикувајќи се на документи што ги имал на увид.

Ова претставува значителна ескалација на напорите на Вашингтон да ја ослаби и да ја демонтира институцијата по издавањето на налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, забележува весникот.

Заработката достигнува и до 7.000 евра по хектар – ова растение е сè побарано, а трошоците за инвестирање се ниски
Таквите мерки би можеле сериозно да го загрозат работењето на судот преку оневозможување на вршење трансакции во американски долари и ограничување на неговиот пристап до голем дел од глобалниот финансиски систем, пишува весникот, повикувајќи се на документи и на американски официјални лица.

ИЗДВОЕНИ