петок, август 14, 2026
Дома СВЕТ Трамп не се откажува: Белата куќа побара од Врховниот суд да ја...

Трамп не се откажува: Белата куќа побара од Врховниот суд да ја дозволи изградбата на балска сала додека трае жалбената постапка

0
Фото: EPA/WILL OLIVER

Тричлен судски совет на федералниот Апелационен суд за округот Колумбија – каде што се наоѓа американскиот главен град Вашингтон – минатата недела донесе одлука со 2:1 за запирање на изградбата бидејќи не е одобрена од Конгресот на САД.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денес побара од Врховниот суд да ѝ дозволи на Белата куќа да продолжи со изградбата на балска сала вредна 400 милиони долари додека се жали на одлуката на понискиот суд за запирање на изградбата.

Тричлениот судски совет на федералниот Апелационен суд за округот Колумбија – каде што се наоѓа главниот град на САД, Вашингтон – минатата недела донесе одлука со 2 спрема 1 за запирање на изградбата, бидејќи не е одобрена од Конгресот на САД.

Во образложението се наведува дека Трамп не може еднострано да интервенира во работата што вклучува изградба на балска сала од 8.400 квадратни метри на местото на поранешното Источно крило на Белата куќа. Зградата беше срушена минатата есен по наредба на Трамп.

Сепак, федералниот суд ја одложи одлуката, давајќи ѝ време на администрацијата на Трамп да поднесе жалба до Врховниот суд.

Во жалбата поднесена денес се бара дозвола од Врховниот суд за продолжување на изградбата пред одлуката на федералниот апелационен суд да стапи на сила.

ИЗДВОЕНИ