Американскиот претседател Доналд Трамп верува дека е можно рускиот претседател Владимир Путин „малку“ да му помага на Иран во неговата војна против САД и Израел.
„Мислам дека можеби малку им помага, претпоставувам, а веројатно мисли дека ние ѝ помагаме на Украина, нели?“, изјави Трамп за „Фокс њуз“ во радио интервју денес, објави ДПА.
Неколку медиуми објавија дека Русија му испраќа на Иран информации за американските сили и потенцијалните цели на Блискиот Исток.
Американската телевизија „Си-ен-ен“ и Вашингтон пост објавија дека Москва му доставува на Техеран детали за локациите и движењата на американските трупи, бродови и авиони, пренесе „Хина“.












