четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: „Без САД, НАТО е тигар од хартија“

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: „Без САД, НАТО е тигар од хартија“

52

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги нарече сојузниците на НАТО „кукавици“ и рече дека би им било многу лесно да дозволат бродовите безбедно да поминат низ Ормускиот теснец.

„Без САД, НАТО е тигар од хартија! Тие не сакаа да се приклучат на борбата за запирање на нуклеарно вооружен Иран. Сега кога борбата е добиена воено, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високите цени на нафтата што се принудени да ги плаќаат, но не сакаат да помогнат во отворањето на Ормускиот теснец, едноставен воен маневар што е единствената причина за високите цени на нафтата“, напиша Трамп.

Претседателот на САД потоа ги нарече сојузниците на НАТО кукавици на мрежата „Трут соушал“ (Truth Social).

„Толку лесно им е да го направат тоа, со толку мал ризик. Кукавици, и ние ќе запаметиме!“, рече Трамп.

Европските лидери вчера на состанок во Брисел потврдија дека не сакаат нивните земји да се приклучат на воените операции на САД и Израел на Блискиот Исток.

Тие ги отфрлија молбите на американскиот претседател Доналд Трамп да испратат сили за обезбедување на Ормутскиот теснец, клучен воден пат за глобалниот проток на нафта, гас и ѓубрива, пренесе Н1.

ИЗДВОЕНИ