Детето е тешко повредено и префрлено со хеликоптер во Унверзитетскиот клинички центар во Љубљана, пренесе РТС.
Несреќата се случила во саботата попладне, кога четиричлено семејство од странство било во посета на водопадот „Савица“, соопшти Полициската управа Крањ.
Семејството на враќање застанало на одморалиштето, од каде што 7-годишното дете паднало. Набрзо членовите ги слушнале неговите крици, по што таткото се обидел да го спаси и самиот паднал во провалијата.
Спасувачите го пронашле во коритото на реката Савица, каде што од здобиените тешки повреди починал.
Полицијата продолжува да собира информации за несреќата.












