Денеска околу 17 часот во Љубосел кај Топола во Србија, се случи невидена трагедија кога четири лица загинаа, а едно е тешко повредено. Дедо, син, внук и сосед починале од задушување од амонијак во септичка јама. Повредената жена е мајка на 20-годишното момче, кое почина.
Еден од загинатите паднал во септичка јама, а останатите се обиделе да му помогнат. За жал сите се задушиле, додека повредената веднаш била пренесена во болница.
На местото на несреќата први пристигнале пожарникари и екипи на итната помош. Лекарите успеале да ја реанимираат жената која била испратена на лекување во болницата во Аранѓеловац, а при вадењето на телата на настраданите двајца пожарникари се здобиле со полесни труења и им била укажана помош во Здравствениот дом во Топола.
„Немаме зборови да ја опишеме тагата што ја чувствуваме. Семејството подготвувало прослава за полнолетство на еден од своите членови и дошло до оваа несреќа. Ова е трагедија за целото село и Топола“, вели еден од мештаните.
View this post on Instagram