четврток, јуни 25, 2026
Дома БАЛКАН Пакување за 15 минути и итна евакуација – сведочат патниците кои утрово...

Пакување за 15 минути и итна евакуација – сведочат патниците кои утрово од Дубаи слетаа во Велград

93
Фото: screenshot RTS

Авионот на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со 200 граѓани на Србија слета утрово во Белград. Тоа е првиот лет до Србија, по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток.

Како што објави РТС, една патничка што слета утрово во Белград патувала од Кенија преку Дубаи. Таа рекла дека биле „задржани на небото“ околу три часа, а потоа слетале.

Двојка од Бачка Паланка пристигнала од Малдивите.

„Слетавме во Дубаи и патувањето требаше да продолжи. Авионот полета, кружеше некое време и повторно се врати на аеродромот во Дубаи од безбедносни причини. Во меѓувреме, се случи она што се случи со Иран“, изјавиле патниците за РТС.

На прашањето дали чувствувале страв, тие велат дека не.

„Не, бевме сместени во хотел на 20 километри од центарот на градот, па слушнавме некои детонации, но не се плашевме, имавме прекрасна група“, велат тие.

„Прво контактиравме со нашата амбасада, која направи список на патници кои се нашле на аеродромот во Дубаи, дури и амбасадорот нè посети во хотелот и му се заблагодарувам за тоа. Имавме идеални услови во хотелот и чекавме да бидеме информирани за нашето враќање, а буквално ни беше кажано да се спакуваме за 15 минути“, рекоа патниците.

ИЗДВОЕНИ