четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трагедија во Богданци: Загина тракторист, се забил во бетонски ѕид при што...

Трагедија во Богданци: Загина тракторист, се забил во бетонски ѕид при што тракторот се превртел

82

64-годишен жител на Богданци го загуби животот во сообраќајна несреќа откако тракторот што го управувал удрил во бетонски ѕид и се превртел, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 08.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на ул. „Мирче Ацев“ во Богданци, трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(64) од Богданци, удрил во бетонски ѕид и се превртел“, соопшти МВР.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата.

„Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, соопшти МВР.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а на местото бил извршен увид.

„По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија“, соопшти МВР.

ИЗДВОЕНИ