Контроверзниот УФЦ-борец, Илија Топурија, по потекло од Грузија, наскоро ќе се соочи со Џастин Гејчи во Белата куќа. Таа борба е закажана за 14 јуни, а ако нешто тргне наопаку, следниот на ред е ерменскиот борец Арман Царукјан.

  • Ако ми јават утре и ми кажат дека Џастин е повреден, ќе се борам со Арман без проблем. Импресиониран сум од тоа колку е глупав, колку е ретардиран. Неговиот менталитет ме фасцинира и сè што покажува на интернет… Сè е… Срамота. Е*и се Арман. Кому му е уште гајле за него? Човекот ги троши парите на татко си како да е неуко дете. Брате, не си богат. Дали си толку сиромашен што имаш само пари? Кретен, истакна Топурија.

Илија Топурија и Арман Царукјан претходно се расправаа на социјалните мрежи.

Двајцата беа во непосредна близина минатиот ноември на настан на УФЦ во Катар, каде што Топурија сними и објави кратко видео од нивната средба што изгледаше пријателски. Сепак, во описот, тој го нарече „исплашена патка“, што предизвика размена на навреди.

  • Денот пред да го објавам тоа видео, тој „твитна“ нешто како: „Следниот пат кога ќе те видам“, ова или она. Знаеш како се однесуваат сите. Сите се гангстери, а кога се среќаваме лично, тие се како: „Како си? Добро ли си?“ Се смешкаат, се однесуваат скромно, како нормални луѓе. Но, на „Твитер“, сите се гангстери. Јас сум професионален спортист, не сум уличен борец. Не сум гангстер, порача Топурија.

Ако Царукјан заврши како противник на Топурија, шампионот вели дека ќе биде подготвен да ја заврши работата и да покаже дека е на повисоко ниво.

  • Тој не е на мое ниво. Ако се бориме, ќе му ја скршам вилицата во првата рунда. Што ќе прави? Ќе ме нокаутира? Ајде, те молам, заврши Топурија.

 

ИЗДВОЕНИ