Во текот на ноќта, израелските сили пресретнале десетици бродови со активисти кои се обидувале да ја пробијат поморската блокада и да достават хуманитарна помош во Појасот Газа.

Флотилата била запрена во близина на грчкиот остров Крит, по што дел од бродовите биле задржани под контрола на израелските власти.

Станува збор за таканаречената „Глобална флотила Сумуд“, која испловила од Барселона претходно овој месец. Според организаторите, во акцијата учествуваат повеќе од 70 бродови и околу 1.000 луѓе од различни земји.

Министерство за надворешни работи на Израел соопшти дека околу 175 активисти се приведени на повеќе од 20 бродови.

Податоците од системите за следење покажуваат дека најмалку 22 бродови биле пресретнати во меѓународни води западно од Крит, додека дел од флотилата – околу 36 бродови – сè уште се движат кон Газа.

Организаторите го обвинија Израел за „опасна ескалација“, тврдејќи дека со ваквите акции се загрозуваат цивили во Средоземното Море.

Израелските власти и претходно спречуваа слични обиди на активистички групи да ја пробијат блокадата на Газа.

ИЗДВОЕНИ