недела, октомври 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Температурите одат над 40 степени, па пресврт за викендот!

Температурите одат над 40 степени, па пресврт за викендот!

3323

Сончево и многу топло време ја очекува Македонија во наредниот период, со мала до умерена локална облачност. Температурите наместа ќе надминат 40 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

ПОРТОКАЛОВ АЛАРМ ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Утре над 40 степени Целзиусови

Сепак, за време на викендот следува промена на времето. Ќе има услови за локална нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а изолирано се очекува и невреме со силен ветер и појава на град.

Европа на удар на суперклеточни бури, невремето пристигнува во регионот! Се закануваат град, поплави, торнада/ФОТО

ИЗДВОЕНИ