Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Бакер Галибаф, во четвртокот го исмеа потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, откако Венс ја наведе потенцијалната војна со Иран како причина за изборниот пораз на републиканците на изборите за Конгресот.
Галибаф забележа дека Венс „има енергија на коцкар што губи“ и „не може да се тргне од масата“, пренесува Си-Ен-Ен.
Во подоцнежна објава на платформата „Икс“ (X), тој дополнително ја критикуваше американската администрација во однос на нејзината политика кон Израел.
„Шефот ја подготвува следната фаза од војната, додека Америка е на работ на колапс поради политиката ’Израел на прво место‘. Поштедете ме од лекции. Зошто не му го кажете тоа на вашиот шеф?“ – напиша тој.
Галибаф, исто така, ја извршува функцијата главен преговарач на Иран во разговорите со Соединетите Држави за ставање крај на војната.












