
Мунир Насрауи, таткото на 17-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, не сакаше да сокрие дека е разочаран од некои навивачи кои постојано го навредуваат неговиот син кој игра совршено во актуелната сезона.
-Кога на 17 години има веќе 100 настапи за клуб како Барселона тоа доволно зборува. Заслужува честитки, а не да го навредуваме дали игра за еден или друг клуб. Навивачите на Барселона не навредуваат ниту еден млад фудбалер на Реал или било кој друг клуб, а Јамал постојано добива навреди од противничките навивачи. Треба да ги почитуваме сите млади таленти и да им помогнеме да станат уште подобри, изјави Насрауи.