петок, октомври 2, 2026
Дома КУЛТУРА Свечено доделување на наградите „Антево перо“ во Музејот на македонската борба за...

Свечено доделување на наградите „Антево перо“ во Музејот на македонската борба за самостојност

2

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје на 2 октомври, во 19 часот, ќе се одржи 9. издание на поетско-културната манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ и ќе бидат врачени годинашните награди.

Годинашниот конкурс беше во духот на одбележувањето на 95 годишнината од раѓањето на Анте Поповски, а вечерва на манифестацијата ќе се говори и за одбележувањето на 30 годишнината од објавувањето на книгата есеи „Окото, светлините“ и 25 години од објавувањето на маестралното поетско дело „Света песна“ од Анте Поповски.

За естетските вредности на збирките на добитнците на традиционалните поетски награди, „Антево перо“ „Антев златник“ и „Антев часовник“ ќе говори Атина Цветаноска, член на жири-комисијата, по што ќе следи и врачување на наградите. Публиката ќе проследи и поетско читање, на кое ќе се претстават годинашните лауреати и авторите кои беа селектирани во потесниот избор за наградите.

ИЗДВОЕНИ