
Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги нападна судиите на Светското првенство, велејќи дека „едноставно не се доволно добри“ по драматичната победа на неговата репрезентација од 3:2 во осминафиналето над Мексико. Англија остана со играч помалку во напнатиот натпревар на стадионот „Ацтека“ и исто така доби контроверзен пенал.
„Тие едноставно не се доволно добри. Судиите едноставно не се доволно добри, четвртите судии едноставно не се доволно добри. Тоа е суштината“, изјави Тухел за Би-Би-Си, додавајќи: „Дали ова беше јасна и очигледна грешка за пенал? Секако не. Тие ја променија одлуката во ситуација каде што судијата првично не досуди фаул.“
Алиреза Фагани (48) е многу искусен судија на Светското првенство, а турнирот во 2026 година е негов четврти Светски куп. Тој стана судија на ФИФА во 2008 година и судел на Светските првенства во 2014, 2018, 2022 и 2026 година.
Натпреварот Мексико-Англија е третиот натпревар на овогодинешното првенство кој го судеше, а претходно ја делеше правдата и на дуелоте Франција-Сенегал и Колумбија-Португалија. Ова беше негов втор пат да суди на Мексико на Светско првенство, откако претходно го судеше и култниот натпревар Мексико-Германија на Светското првенство во Русија во 2018 година, кој Мексико го доби со 1:0.











