Камион се судри со минибус на автопатот Анталија-Испарта. Според првичните сознанија, во несреќата животот го загубиле 7 лица, а повредени се 7 лица, пренесе турски „Хаберлер“.
Околу 17:00 часот, камион мешалка за бетон со непозната регистарска табличка се судрил со минибус во областа Карги.
По несреќата, местото на настанот се претворил во бојно поле. Голем број екипи на здравствена, брза помош, противпожарна и жандармеријата биле испратени во областа. Според првичните информации, 7 лица го загубиле животот, а 7 лица се повредени, од кои 2 се во тешка состојба.












