петок, февруари 13, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Стапката на вработеност намалена во 10 земји во ЕУ

Стапката на вработеност намалена во 10 земји во ЕУ

66

Стапката на вработеност на лицата на возраст од 20 до 64 години во Европската Унија во четвртиот квартал од 2024 година била 75,9 отсто, објави „Евростат“.

Заводот за статистика на ЕУ забележува дека процентот на сите лица со незадоволени потреби за вработување бил 10,8 отсто во четвртиот квартал од 2024 година, што е намалување за 0,1 процентен поен во однос на третиот квартал од 2024 година.

Во споменатиот период, стапките на вработеност меѓу 15-те земји на Европската Унија се зголемени во Грција и Луксембург (по 0,8 отсто), како и во Литванија, Малта и Словенија (по 0,5 отсто).

Стапката на вработеност остана на исто ниво во Естонија и Унгарија, додека се намали во 10 земји од ЕУ, а најголем пад е забележан во Ирска (0,6 проценти), како и во Финска, Италија и Латвија (по 0,4 проценти).

ИЗДВОЕНИ