Државниот секретар на САД, Марко Рубио, и комесарот за трговија на Европската унија, Марош Шефчович, денес во Вашингтон потпишаа меморандум за разбирање за стратешко партнерство меѓу САД и ЕУ за критични минерали, објави Стејт департментот.
Во соопштението се наведува дека Рубио рекол дека потпишувањето на меморандумот ја покажува важноста на снабдувањето со критични минерали за успехот на економијата, како и за националната безбедност.
Тој истакна дека САД и ЕУ заедно го претставуваат најголемиот пазар во светот и затоа Вашингтон и Брисел мора да обезбедат достапност на ретки минерали.
Шефчовиќ изјави дека меморандумот ќе овозможи зајакнување на позициите на САД и ЕУ во областа на критичните минерали, пренесува „Танјуг“.












