четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ „Аксиос“: Средба меѓу американските претставници и Аракчи може да се одржи во...

„Аксиос“: Средба меѓу американските претставници и Аракчи може да се одржи во понеделник 

145
Фото:википедија

Средба меѓу американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи може да се одржи во понеделник откако Кушнер и Виткоф ќе одржат одделни билатерални разговори со пакистанските медијатори, објави денес новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на два извори, пренесе „Танјуг“.

Равид напиша на платформата „Икс“, повикувајќи се на пакистански функционер, дека средбите на претставниците со Аракчи во Исламабад денес и утре ќе се фокусираат на продолжување на преговорите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Трилатералната средба со САД ќе биде оценета по нашата средба со Аракчи“, рече пакистанскиот функционер, според Равид.

Тој рече дека се очекува Аракчи да отпатува од Исламабад до Мускат во Оман, а потоа во Москва, па затоа не е јасно кога ќе се сретне со американските претставници.

Трамп во понеделник изјави дека американските претставници сега преговараат „со луѓето кои моментално се на власт“ во Иран, објави „Би-би-си“.

Трамп претходно во текот на денот изјави дека Иран планира да понуди „нешто што ќе биде во согласност со барањата на Соединетите Американски Држави“ во разговорите.

„Тие даваат понуда и ќе мора да видиме“, изјави Трамп за Ројтерс во телефонско интервју.

Тој рече дека „Иран ќе даде понуда што има за цел да ги исполни барањата на Соединетите Американски Држави“.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, денес изјави дека Иран побарал уште една средба лице в лице со американската влада, најавувајќи дека претставниците на американскиот претседател, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат во Пакистан.

Иранските државни медиуми објавија дека иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, исто така, патува во Пакистан, но, како што објави иранската новинска агенција Тасним, негирајќи ги извештаите на американските медиуми, Аракчи нема да учествува во преговорите со американската делегација за време на неговата посета на Исламабад.

ИЗДВОЕНИ