среда, септември 23, 2026
Дома БАЛКАН Српската водителка Јелена Димитријевиќ е жената од видеото што предизвика лавина реакции...

Српската водителка Јелена Димитријевиќ е жената од видеото што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи: Го бакна холандското знаме наместо српското/ВИДЕО

650
screenshot X

Не српска амбасадорка, како што пренесоа дел од српските медиуми, туку српската водителка Јелена Димитријевиќ е жената од видеото што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Таа го бакнала холандското знаме мислејќи дека е српското, а веднаш потоа кренала три прста кон камерата.

Амбасадата на Србија во Шпанија реагираше на видеоснимката која предизвика внимание на социјалните мрежи, а на која наводно српската амбасадорка во Мадрид, Ирена Шарац, го меша холандското со српското знаме. Од Амбасадата категорично тврдат дека жената на снимката воопшто не е амбасадорката Шарац, ниту, како што наведуваат, станува збор за лице поврзано со амбасадата. Според нивната реакција, на видеото е српската водителка Јелена Димитријевиќ, која самата ја објавила снимката на својот јавно достапен профил на Инстаграм.

„На спорната видеоснимка не е амбасадорката на Република Србија во Кралството Шпанија, Ирена Шарац, ниту кое било лице поврзано со Амбасадата на Република Србија во Мадрид, туку српската водителка госпоѓа Јелена Димитријевиќ“, се наведува во реакцијата.

Амбасадата побара од медиумите што ја објавиле првичната информација да ја отстранат или коригираат, како и да објават демант, оценувајќи дека погрешното припишување на снимката може да му нанесе штета на угледот на амбасадорката и на амбасадата.

Вечер.пресс во согласност со новинарските етички правила, направи видлива измена на првичната содржина, а на читателите и засегнатите им изразуваме жалење за оваа ненамерна грешка.

До забуната дојде бидејќи дел од српските медиуми првично објавиja дека жената на снимката е амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац.

Инаку, Димитријевиќ била во Белградската арена, каде што како претставник на Србија учествувала на масовен меѓународен настан со над 12.000 гости од 90 земји.

По потсмевот и бројните критики, Димитријевиќ самата објаснила како дошло до необичната грешка.

„Добро, луѓе, признавам – другиот ден ја „бакнав“ Холандија. По 10 минути барање на нашето знаме, во возбудата видов знаме кое од далечина личеше на српското и не го проверив многу“, рече Димитријевиќ.

Таа објаснила дека српското знаме сепак го пронашла и со него подоцна излегла на сцената.

– Значи, имаше грешка во „првиот бакнеж“, но вистинската љубов сепак беше српска. Простете ми и не грижете се за моите грешки, тие секогаш се мали и од љубов – порача Димитријевиќ.

Забуната е полесно разбирлива ако двете знамиња се погледнат оддалеку. И српското и холандското се тробојки со црвена, бела и сина боја во хоризонтални полиња, но распоредот е различен: холандското оди црвено-бело-сино одозгора надолу, додека српското е црвено-сино-бело.

На државното знаме на Србија дополнителна разлика е српскиот грб поставен кон јарболот, додека холандското нема грб.

Забуната добила дополнителен пресврт бидејќи дел од српските медиуми првично објавиja дека жената на снимката е амбасадорката на Србија во Шпанија, Ирена Шарац.

ИЗДВОЕНИ