петок, јуни 5, 2026
Дома КУЛТУРА Списанието „Пипл“ го објави својот избор: Ен Хатавеј е најубавата ѕвезда во...

Списанието „Пипл“ го објави својот избор: Ен Хатавеј е најубавата ѕвезда во светот за 2026 година

1215
Фото:википедија

Актерката Ен Хатавеј (43) е прогласена за најубавата ѕвезда на светот за 2026 според изборот на списанието „Пипл“.

По тој повод таа сними насловна страница и даде големо интервју за списанието во кое се осврнува на својата кариера и открива некои досега непознати детали за себе.

Ен вели, дека таа си е најстрогиот критичар, а со текот на времето ја напуштила идејата за совршенство, што ја направило пополетна, ја посамоуверенаа и побарана.

„Кога бев на самиот почеток на кариерата, мислев дека ќе бидам подобра уметница ако сум исклучително построга кон себеси, вели актерката.

„А потоа, со полнио 40, некако фатив друг ритам и престанав да си го загорчувам животот самата на себеси. Само сакав да дојдам до оној забавниот дел“.

А тој дел трае токму во моментот.

Ос својата прва голема улога во филмот „Дневниците на принцезата“ од 2001 година, и уметничките филмови како „Планината Броукбек“ и „Приказната за Џејн Остин“, па се до блокбастерите како „Алиса во земјата на чудата“ за кој освои „Оскар“, Хатавеј стана една од најбараните холивуски актерки.

Само годинава ќе има промоција на пет филма, вклучувајќи го продолжението „Ѓаволот носи „Прада“ 2“.

„Враќањето на својата култна улога 20 години подоцна беше просто прекрасно“. Баш радосно“, вели таа.

„Понекогаш си велите: „Ех, кога би можела да се вратам во тој миг со знаењето што го имам денес“. За мене, ова беше можност да бидам повторно со истите луѓе, да се вратам во тој свет, но со малку повеќе животно искуство“, вели таа во интервјуто.

 

ИЗДВОЕНИ