–Повеќето мускулни болки и грчеви исчезнуваат сами по себе за кратко време. Понекогаш, болката во мускулите може да трае со месеци. Причините за болка во мускулите може да варираат и таа може да се јави како резултат на повреда, симптом на болест или инфекција или несакан ефект на некој лек.

Најчестите причини за болки во мускулите вклучуваат: прекумерен напор,траума на некоја област од телото, вирусни инфекции, вели Жежов

Речиси секој почувствувал болки во мускулите. Мускулната болка може да зафати поединечен мускул или група мускули како што се вратот, грбот, нозете, рацете или целото тело. Болката може да варира од блага до силна и да го ограничи движењето. Мускулната болка може да почне ненадејно или да се влоши со текот на времето. Исто така, болката може да се влоши по физичка активност или во одредени периоди од денот. Мускулната болка може да се манифестира како болка, грчеви, вкочанетост или печење.

Повеќето мускулни болки и грчеви исчезнуваат сами по себе за кратко време. Понекогаш, болката во мускулите може да трае со месеци. Причините за болка во мускулите може да варираат и таа може да се јави како резултат на повреда, симптом на болест или инфекција или несакан ефект на некој лек.

Најчестите причини за болки во мускулите вклучуваат: прекумерен напор, траума на некоја област од телото, вирусни инфекции.

Стрес

Стресот му отежнува на телото да се бори против болести. Кај луѓе кои не се чувствуваат добро и се под постојан стрес, може да почувствуваат болки во мускулите (психосоматска болка).

Симптомите на стрес вклучуваат: срцеви палпитации или зголемен пулс, висок крвен притисок, главоболки, тресење, болки во градите, чувство на недостаток на воздух или хипервентилација.

Луѓето можат да се обидат да се справат со оваа состојба преку техники за релаксација и избегнување стресни ситуации колку што е можно.

Нутритивен дефицит

Мускулната болка може да се јави како недостаток на доволно внесување витамини, минерали и протеини преку исхраната. Витаминот Д игра особено важна улога во обезбедувањето на правилно функционирање на мускулите. Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциумот, а недостатокот може да доведе до хипокалцемија.

Хипокалцемијата е состојба во која нивото на калциум во крвта е ниско, што може да влијае на коските и на мускулите. Магнезиумот е исто така неопходен за активноста и за рамнотежата на нервниот систем: има релаксирачки и смирувачки ефект и ја намалува раздразливоста на нервите и на мускулите. Го намалува лачењето на адреналин и е ефикасен во ублажувањето на грчевите, ја намалува напнатоста и дејствува релаксирачки. Магнезиумот исто така учествува во метаболизмот на главните макронутриенти и овозможува производство на енергија.

Дехидрација

Лицето што е дехидрирано може да почувствува болки во мускулите.

Пиењето доволно вода е од витално значење за одржување и за правилно функционирање на телото. Дехидрацијата предизвикува отежнување на основните телесни функции, како што се дишењето и варењето.

Луѓето треба да бидат свесни колку пијат вода. Препорачаното количество е 6-8 чаши вода секој ден. Ако топлото време или вежбањето предизвикаат потење повеќе од вообичаено, ќе треба да се пие поголемо количество вода.

Истегнување и исчанчување

Истегнувања, исчанчувања и други повреди може да предизвикаат мускулна болка и непријатност. Некои исчанчувања и истегнувања не бараат третман, но лицето треба да се одмори, да зема лекови против болки без рецепт или да користи ладни облоги за да ги олесни симптомите.

Меѓутоа, ако повредата предизвикува значителна болка, го ограничува нормалното движење или не се подобрува со текот на времето, препорачливо е да закажете преглед со лекар.

Несоница

Недостатокот на сон може да има сериозно влијание врз телото. Спиењето му овозможува на телото да се одмори и да закрепне. Недостатокот на квалитетен сон може да предизвика болки во мускулите и забавено функционирање. Тоа може да влијае на способноста на луѓето да размислуваат јасно и да им го отежне извршувањето на секојдневните задачи.

Премногу физичка активност

Претерувањето со вежбање може да доведе до вкочанети, болни мускули.

Следниве фактори можат да бидат причина за болки при вежбање: неправилно вежбање, воведување нова вежба, вежбање поинтензивно или подолго од вообичаеното, недоволно или неправилно загревање или истегнување пред почетокот со физичка активност.

Инфекции, болести и наследни состојби

Многу различни медицински проблеми може да предизвикаат болки во мускулите. Состојбите кои најчесто ги зафаќаат мускулите вклучуваат: анемија, артритис, синдром на хроничен замор, клаудикација, дерматомиозитис, грип, фибромијалгија, лупус, Лајмска болест, мултиплекс склероза (МС), пневмонија, мононуклеоза.

Ако причината за болката е напрегање, повреда, напнатост или стрес, луѓето обично ќе чувствуваат непријатност во одредена област. Кога болките се појавуваат низ целото тело, тоа е поверојатно да се должи на инфекција, лекови или основна болест.

Третман за мускулни болки

– Одмор: Одморете ја погодената област и прекинете ја активноста што ја предизвикала повредата. Користете ладни облоги за да помогнете во ублажување на болката и намалување на отокот. Нанесете мраз на областа 15-20 минути трипати на ден.

– Компресија: Користете компресивен завој за да помогнете во намалување на отокот.

– Подигнување: Ако е можно, подигнете ги стапалата за да го минимизирате воспалението.

Може да користите лекови без рецепт за намалување на воспалението и болката како што се серапептазе, магнезиум и нестероидни антиинфламатори.

Практикувајте активности кои поттикнуваат релаксација и го намалуваат стресот, како што се јога и медитација.

Мускулните болки кои се силни или не се повлекуваат, може да бидат симптом на основна состојба која бара медицинска процена и третман од физиотерапевт.

Јавете се на физиотерапевт доколку забележите какви било знаци на болки.

Од клучно значење е да се побара медицинска помош ако болките се појавуваат почесто.

 

(Автор на текстот е специјалист по здравствен фитнес. Ординација за физикална терапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ.)

ИЗДВОЕНИ