вторник, јули 28, 2026
Дома МАГАЗИН Сестрите Росана и Маријана, по пауза од 35 години, имаат нов хит...

Сестрите Росана и Маријана, по пауза од 35 години, имаат нов хит  – „Засекогаш млади“ – Редно беше!

1

Сестрите Росана и Маријана деновиве, по повеќедецениска музичка пауза, се вратија на сцената, на естрадата. Редно беше! Тие ја снимија песната „Засекогаш млади“, подзасилени со популарните Александар Митевски и Драган Спасов-Дац. Близначките од Куманово, Маријана Новачевска и Росана Сариќ-Тодоровска, во 1980-тите години беа едни од најпопуларните на домашната сцена. Песните „Признавам“, „Стој“, „Едно срце“ и „Ако не исчезнам“ и денес се пеат на веселби, журки, родендени….

По преселбата на Маријана во далечниот Мелбурн, Австралија, каде што со децении работи како медицинска сестра, Росана ја продолжи солистичката кариера, но, за жал, ни одблизу не беше така музички активна.

За оваа нова песна е снимен видеоспот и по тој повод Маријана емотивно порачува: „Со гордост објавувам дека по многу години снимивме нова песна, нов хит. Мојата среќа е уште поголема затоа што сум со сестра ми, Росана, и со многу добрите колеги, Александар и Дац.                           (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ