Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар собра 116.000 евра за време на тридневниот натпревар „Поги челинџ“ за да му помогне на својот роден град Коменда, кој беше погоден од силна бура во јуни.

Поголемиот дел од парите ги плати Американец, кој за 95.000 евра го купи искинатиот дрес на Погачар од годинашната трка Милано – Сан Ремо, каде што 27-годишниот Словенец прво падна, а потоа победи.

„Ви благодарам многу на сите што нè поддржувате. Овие денови беа навистина убави, уживав што бев со вас“, рече Погачар, петкратен победник на Тур де Франс и трикратен последователен шампион на легендарната тринеделна трка, објави Словенечката новинска агенција (СТА).

На последниот ден од велосипедскиот фестивал во негова чест, Погачар го освои осмото место на искачувањето до Крвавец, а победи германскиот претставник Фредерик Низен. По искачувањето во Коменда, словенечкиот велосипедист се врати со хеликоптер во друштво на светскиот шампион во скијачки скокови Домен Превац.

Погачар во секој момент се очекува да објави дали ќе настапи на претстојната трка Вуелта. Возачот на „Емирати“ сè уште не забележал победа на тринеделната трка низ Шпанија, која годинава започнува на 22 август во Монако.

ИЗДВОЕНИ