недела, јули 26, 2026
Дома СКОПСКА Со панорамски автобус патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје

Со панорамски автобус патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје

2

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, вчера граѓаните имаа можност бесплатно да се возат со автобус со кој беше панорамски разгледуван градот – патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје.

Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот.

– Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина. атоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации – изјави скопскиот градоначланик, Орце Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ