недела, јуни 21, 2026
Дома МАГАЗИН „Смрзнатото“ рамо е чест проблем кај сите возрасти

„Смрзнатото“ рамо е чест проблем кај сите возрасти

Совети од физиотерапевтот Илија Жежов

1

– Како стручен физиотерапевт, би ви објаснил дека е релативно чест овој проблем и дека е предизвикан од недостигот на синовијална течност во зглобот, како и од спојувањето на сврзното ткиво со коските. Симптомите на замрзнато рамо се болка во рамото што се спушта на раката и обично е доста силна. Следно е намалената подвижност на овој зглоб – вели Жежов

Болката во рамото и во раката може да биде симптом на состојба што има необично име – замрзнато рамо, а физиотерапевтот ги наведува причините и знаците за тревога. Освен прегледот, може да се дадат упатства за РТГ, магнет или за компјутерска томографија, преку кои би се утврдил посериозниот проблем со оваа состојба.

Но, во практика ваквата состојба се утврдува и при самиот физиопреглед, па тука и почнува третирањето, односно самото лекување на пациентите.

Ако често имате болки во рамото и во раката, можно е да ве мачи состојбата со необично име – замрзнато рамо.

Како стручен физиотерапевт, би ви објаснил дека е релативно чест овој проблем и дека е предизвикан од недостигот на синовијална течност во зглобот, како и од спојувањето на сврзното ткиво со коските. Симптомите на замрзнато рамо се болка во рамото што се спушта на раката и обично е доста силна. Следно е намалената подвижност на овој зглоб.

Ова не е проблем што се случува прекуноќ, туку има три јасни фази. Првата е најболна и ние ја нарекуваме воспалителна фаза. Потоа следува фазата на стагнација, кога е ограничено движењето, но болката не е толку силна, па фазата на резолуција, кога се враќа ткивото во нормала, исчезнуваат и болката и ограничувањето во движењето.

Ги погодува луѓето од речиси сите возрасти и почесто се јавува кај жените.

Здравствени проблеми што ја влошуваат оваа состојба се дијабетесот, имобилизацијата по повреда или операција, а постојат одредени студии што наведуваат дека замрзнатото рамо ги погодува луѓето со срцеви заболувања, проблеми со тироидната жлезда, Паркинсонова болест или со некоја посериозна повреда.

Не постојат други јасни специфични фактори на ризик. Замрзнатото рамо може да се појави и на доминантната и на недоминантната рака и не постои истражување што поврзува одредена или посебна професија со овој проблем.

Замрзнатото рамо исклучиво се лекува со одмор, умерена физикална терапија, која ја одредува физиотерапевт, додека дополнителното истегнување како работна терапија е клучното решение. По потреба, за ваквата состојба може да се вклучат и одредени медикаменти при посериозни акутни болки, кои се неиздржливи кај лицата со овој проблем.

Физикалната терапија најчесто трае од 15 до 21 ден, а физиотерапевтот може да ви ја продолжи и за 10 дена плус. Секако, тоа е индивидуално, во зависност од состојбата, проблемот и од болката.

 

(Авторот е специјалист по здравствен фитнес и физиотерапевт во физиотерапија.

Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕТАПЕВТ – ЗДРАВЈЕ Гостивар).

 

ИЗДВОЕНИ