сабота, јуни 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Славески: Македонската економија покажува отпорност, но ризиците од надворешното окружување се зголемени

Славески: Македонската економија покажува отпорност, но ризиците од надворешното окружување се зголемени

24

Гувернерот Трајко Славески пред Комисијата за финансирање и буџет при Собранието ја презентира тековната економска состојба, истакнувајќи дека македонската економија и натаму покажува солидна отпорност, и покрај зголемената светска неизвесност.

Во 2025 година, економскиот пораст достигна 3,5 %, под влијание на домашната побарувачка, главно како одраз на повисоките инвестиции. На пазарот на труд се бележат постојани поволни поместувања, видливи преку порастот на вработеноста и намалувањето на невработеноста.

Во првиот квартал од 2026 година, инфлацијата се стабилизира и се сведе на 3,7 %, пред сè, поради намалувањето на базичната инфлација. Сепак, гувернерот нагласи дека идната динамика на цените и натаму е неизвесна поради геополитичките ризици и движењата на светските пазари.

„Новите случувања на Блискиот Исток претставуваат значителен надворешен шок, кој влијае врз цените на енергентите и светските синџири на снабдување“, истакна Славески.

Банкарскиот систем и натаму е стабилен, со пораст на депозитите од 11,3 % и кредитната активност од 13,1 %, поддржан од порастот на депозитниот потенцијал и стабилните биланси на банките, во услови на висока капитализираност и добар квалитет на кредитното портфолио.

Народната банка води внимателна и конзистентна монетарна политика, насочена кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс.

„Подготвени сме навремено да реагираме со сите расположливи инструменти, заради зачувување на макроекономската стабилност“, нагласи гувернерот.

ИЗДВОЕНИ