„Скопско лето“ 2025: Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“/ФОТОГАЛЕРИЈА

601

Концертот насловен „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ се одржа вечерва кај Македонскиот народен театар, а во рамките на фестивалот Скопско лето. На сцената настапија Оркестарот на „Полифонија“, а како изведувачи Денис Димоски, Оливер Њего, Васко Здравков, Андријана Јаневска, Вера Јанковиќ, Теа Пејиќ, Ана Петановска, Маја Г. Панчева и Александар Тарабунов. Диригент на концертот е Иван Еминовиќ.

-ШЛАГ ШЛАГЕРИ е топол осврт кон фестивалскиот феномен во регионот и градската култура како урбано културно наследство кое континуирано ги обединува генерациите од регионот. Преку презентација на легендарни мелодии од поранешна Југославија настанот симулира патување низ времето и различните трендови на култура низ декадите, соопшти Српскиот културно информативен центар.

На програмата се 20 безвременски песни со оркестарски аранжмани од Ѓорѓе Марјановиќ, Јадранка Стојаковиќ, Арсен Дедиќ, Бисера Велетанлиќ, Драган Стојниќ, Здравко Чолиќ, Оливер Мандиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Зафир Хаџиманов, Драган Мијалковски, Маја Оџаклиевска и други.

ИЗДВОЕНИ