Советници на иранскиот лидер: „Играта не е завршена, изненадувањата допрва следуваат!“

250

И покрај американските воздушни напади врз клучните ирански нуклеарни постројки, Иран останува цврсто на својот став. Советниците на иранскиот врховен лидер Ајатолахот Хамнеи велат: играта не е завршена.

Али Шамхани изјави дека Иран сè уште поседува залихи збогатен ураниум и покрај нападите на САД врз клучните нуклеарни локации.

„Дури и да се уништат нуклеарните капацитети, играта не е завршена, ќе останат збогатените материјали, домашното знаење и политичката волја“, напиша Али Шамхани во објавата на платформата Х.

Тој додаде дека политичката и оперативната иницијатива сега и припаѓа на страната која игра паметно, избегнува да напаѓа слепо. „Изненадувањата ќе продолжат! рече тој.

Али Акбар Велајати, втор висок советник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека базите што ги користат американските сили за напади врз иранските нуклеарни постројки ќе се сметаат за легитимни цели.

„Секоја земја во регионот или на друго место што ја користат американските сили за напад на Иран ќе се смета за легитимна цел за нашите вооружени сили“, рече Велајати во пораката што ја пренесе официјалната иранска новинска агенција ИРНА.

Велајати исто така додаде дека повеќе нема место за САД на Блискиот Исток.

„Веќе нема место за Америка и нејзините бази во овој регион и во исламскиот свет“, рече Велајати.

„Америка го нападна срцето на исламскиот свет и мора да биде подготвена да одговори, бидејќи Исламската Република не толерира никакви навреди или агресија против себе“, додаде тој.

ИЗДВОЕНИ