Екипи на скопската Противпожарна бригада заминуваат кон Мариово, каде што ќе им се приклучат на пожарникарите и останатите екипи кои се борат со големиот пожар што повторно се разгоре во овој регион.
Во овие тешки мигови, кога огнената стихија се заканува на Мариово и на цели населени места, нашите херои повторно се таму каде што се најпотребни.
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје тргнува кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите и најризични пожари со кои во моментов се соочува Македонија, информираше на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
На барање на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, без двоумење и веднаш испраќаме помош!
Кога гори македонска земја, нема граници, Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го заштитиме секој човечки живот, секој дом и секоја педа од нашата татковина.
Овие луѓе одат директно пред огнената стихија, со храброст и со една цел да спасат животи, домови, шуми и цели села.
Нивната униформа е симбол на пожртвуваност. Нивната храброст е гордост за Скопје и за цела Македонија.
Во ова сме сите заедно.
Скопје ќе помогне секогаш, секаде и на секој кому му е потребна помош.
Посакувам безбеден пат на нашите пожарникари.
Бог да ги чува нашите херои, нивните колеги и сите луѓе кои деновиве се на првата линија во борбата со пожарите низ Македонија, додава Ѓорѓиевски..












