Правилото за долговечност на „сините“ зони – појадувај како крал, вечерај како сиромав: Најздравите луѓе ги консумираат овие 6 намирници за појадок

661

Во таканаречените сини зони, т.е. региони во светот каде што луѓето живеат најдолго и најздраво, појадокот има посебна улога во секојдневниот живот. Според истражувачот за долговечност Ден Бутнер, жителите на овие заедници му даваат најголемо значење на појадокот, што го прави најсодржаен оброк во денот.

„Постои една изрека: „Појадувај како крал, ручај како принц и вечерај како сиромав“, изјави Бутнер за CNBC, пренесува nova.rs. Тој додава дека луѓето во сините зони го започнуваат денот со обилен оброк, ручаат умерено и јадат рана и многу лесна вечера – или дури и целосно го прескокнуваат вечерниот оброк.

Што јадат најдолговечните луѓе во светот?

За разлика од вообичаените западни појадоци полни со шеќер – како што се засладени житарки, индустриски колачи или јогурт од овошје – во сините зони појадокот е едноставен, но хранливо богат.

Бутнер ги препорачува следниве намирници како идеален избор за утринскиот оброк:

  • Грав
  • Зеленчук
  • Oриз
  • Овошје
  • Мисо супа
  • Овес

„Често го започнувам денот со минестроне супа полна со зеленчук и грав“, вели Буетнер, додавајќи: „Ги охрабрувам сите да јадат минестроне или ориз со грав за појадок една недела и сами да ја видат разликата.“

Здравиот појадок може да биде клучот за долг и квалитетен живот. Наместо индустриски производи, изберете природна, интегрална храна и дајте му на вашето тело енергијата што ја заслужува на почетокот на денот.

ИЗДВОЕНИ