понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Силјановска-Давкова: Политизацијата на Врховниот суд е ризик за демократијата

Силјановска-Давкова: Политизацијата на Врховниот суд е ризик за демократијата

103

Клучниот предизвик на судската власт е враќањето на довербата на граѓаните е заклучокот од дводневната регионална конференција на претседатели на врховни судови која се одржува во Скопје. Претседателот на Врховниот суд Африм Фидани дека довербата лесно може да се изгуби, но тешко се гради.

– Искрено, реално и самокритично, довербата во правосудството не е на посакуваното ниво. Но, таа не се враќа преку ноќ. Потребна е континуирана работа преку ефикасни постапки, доследна примена на законите и ажурност во постапувањето – порача Фидани

На отворањето на XVI Годишна конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека независноста на судството е темел на демократскиот поредок, а улогата на Врховниот суд е клучна за целокупниот правосуден систем.

– Кога врховните судови ја извршуваат својата улога на единствена примена на законите, тогаш расте и довербата во судството. Од нивните одлуки зависи не само работата на пониските судови, туку и стабилноста на демократијата – нагласи Сиљановска-Давкова, предупредувајќи дека секој обид за политизација на Врховниот суд претставува ризик за владеењето на правото.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, посочи дека предизвикот е да се воспостави баланс меѓу независноста на судиите и нивната одговорност пред јавноста, нагласувајќи дека не постојат совршени системи, туку само добри практики кои постојано се надградуваат.

– Независноста на судството не е привилегија на судиите, туку право на граѓаните. Нашата задача е да создадеме услови за слободно одлучување, но со високо чувство на одговорност кон јавниот интерес – истакна Камбовски.

Конференцијата во Скопје ги обединува претседателите на врховните судови од 13 држави, како и судии од САД и експерти од меѓународни организации, со фокус на јакнење на довербата, независноста и комуникацијата меѓу судството и јавноста.

ИЗДВОЕНИ