недела, јуни 14, 2026
Дома БАЛКАН Силен земјотрес ја погоди Грција

Силен земјотрес ја погоди Грција

459

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва, во 20:17 часот, во југоисточна Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 36,7494 и географска должина 21,6383.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 12,7 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Земјотресот бил многу силен и се почувствувал низ цела Грција, а многу силно и во Атина.

ИЗДВОЕНИ