вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ СиЕнЕн: Белата куќа тврди дека војната со Иран е завршена

СиЕнЕн: Белата куќа тврди дека војната со Иран е завршена

82

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи војната со Иран за завршена поради важечко примирје, изјави денес за Си-Ен-Ен висок функционер на администрацијата.

Американската телевизиска мрежа соопшти дека може да ја избегне обврската да бара одобрение од Конгресот на САД за продолжување на конфликтот, додека пратениците од двете партии бараат гласање за воена акција.

Во изјавата на американскиот функционер се вели дека, според законот од 1973 година, кој бара одобрение од Конгресот за воени операции што траат повеќе од 60 дена, „непријателствата што започнаа во сабота, на 28 февруари, се завршени“.

ИЗДВОЕНИ