Си-Ен-Ен: Калифорнискиот универзитет ги повикува студентите да се подготват за можна евакуација поради шумските пожари

25
Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Државниот универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA) ги повика студентите да се подготват за можна евакуација, бидејќи предупредувањата поради пожарот во Палисадес се проширија на областа во близина на кампусот.

„Издадено е предупредување за евакуација за областа во близина на UCLA поради пожарот во Палисадес. „Ги замолуваме студентите во кампусот да бидат внимателни и подготвени да се евакуираат доколку предупредувањето се прошири на нашиот кампус“, се вели во соопштението на универзитетот на својата официјална веб-страница, пренесува Си-Ен-Ен.

Последната наредба за евакуација, која беше издадена вчера, опфати делови од автопатот 405 во непосредна близина на музејскиот комплекс „Гети Центар“, на неколку минути возење од универзитетскиот кампус.

Калифорнискиот универзитет има повеќе од 46.000 студенти, а одлучено е предавањата во понеделник да се одржуваат онлајн.

Американските медиуми претходно денеска објавија дека, од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола и дека 50 отсто или повеќе од областа под оган е изгаснат, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисадес сè уште не е под контрола, ниту пожари во Итон и во Арчер.

ИЗДВОЕНИ