недела, август 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Штипска пастрмалијада 2026“ на 19 септември

„Штипска пастрмалијада 2026“ на 19 септември

1

 

Општина Штип најавува дека годинашната „Штипска пастрмалијада“ ќе се одржи на 19 септември.

Прво големо име во рамките на музичката програма на оваа традиционална манифестација ќе биде Жељко Јоксимовиќ, еден од најпознатите и најпочитувани автори и изведувачи на регионалната музичка сцена. Тој ќе настапи на 19 септември, на Градскиот стадион, приредувајќи им на штипјани вечер исполнета со врвна музика, емоции и незаборавна атмосфера.

– Минатогодишното издание на „Штипска пастрмалијада“ остави силни впечатоци и покажа дека нашиот град знае да создава големи настани и моменти што долго се паметат. И оваа година продолжуваме со истата посветеност, со квалитетна програма, професионална продукција и со содржини што ќе донесат нови спомени за сите посетители – велат од Општина Штип.

Оттаму додаваат дека другите артисти и целосната програма за „Штипска пастрмалијада 2026“ ќе бидат објавени наскоро.

ИЗДВОЕНИ