Голем шумски пожар во југозападна Шпанија денес се ширеше надвор од можностите на пожарникарите да го стават под контрола, соопштија регионалните власти, бидејќи високите температури и силните ветрови поттикнаа други пожари низ целата земја.
Пожарот во покраината Хуелва, во регионот Андалузија, досега изгоре речиси 20.000 хектари. Шефот на службите за итни случаи, Антонио Санц, им рече на новинарите дека гаснењето на пожарот околу средновековниот град Ниебла таму е како „патека со пречки на долги растојанија“ и може да потрае неколку дена.
SPAIN: Evacuations have been ordered in Los Ángeles de San Rafael and Vegas de Matute, Segovia, as strong winds have caused the Navas de San Antonio wildfire to flare up again.
The fire has now been raised to Level 2 as it threatens homes and people. pic.twitter.com/nFh8YnfghX
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) August 9, 2026
Тој додаде дека силните налети на ветер на предизвикувачкиот терен дувале жар во сите правци, предизвикувајќи избувнување на нови, секундарни пожари. Речиси 500 луѓе се евакуирани од погодената област, додека се разгледуваат дополнителни превентивни мерки, рече Санц.
По последователните топлотни бранови што го погодија поголемиот дел од Европа, медитеранската земја се соочува со катастрофална сезона на шумски пожари. Според проценките од Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), повеќе од 244.000 хектари природни површини изгореле во Шпанија оваа година во околу 400 пожари, површина четири пати поголема од Мадрид.
Ова е исто така шест пати поголема од површината изгорена во истиот период минатата година во Шпанија, пренесе „Хина“.
Низ Европа, рекордната топлина и суша ова лето, за кои научниците велат дека се влошуваат од климатските промени, предизвикаа сериозни проблеми за производството на електрична енергија, поморскиот транспорт и системите за јавно здравје.
Други шумски пожари се активни и во Шпанија, од кои најзагрижувачки се оние во централната покраина Сеговија и во југоисточната покраина Кастељон. Во Сеговија, пожар избувна во саботата откако возило се запали на автопат, принудувајќи 176 жители на два града да ги евакуираат своите домови.
🇪🇸 #España | 🚨 Los fuertes vientos reavivaron el incendio forestal en Navas de San Antonio, #Segovia, obligando a evacuar de emergencia a unas 170 personas de Los Ángeles de San Rafael y Vegas de Matute.
Los primeros indicios apuntan a que el fuego habría comenzado de forma… pic.twitter.com/hcuNzMwgoy
— Michelle Rivera (@michelleriveraa) August 10, 2026
Локалните власти во понеделник соопштија дека ситуацијата се подобрува по зголемувањето на влажноста во текот на ноќта, но големиот број дрвја во пределот покриен со гранит би можел да го отежни гаснењето на пожарот.
Пожарот во Кастељон досега се прошири на околу 800 хектари и предизвика евакуација на 900 луѓе. Пожарот останува активен, но е блиску до стабилизирање по „многу поволните“ временски услови во текот на ноќта, соопштија властите на регионот Валенсија, пренесе „Хина“.












