Семејствата ќе се сретнат со обвинителите во Кочани

133

Семејствата на жртвите во пожарот во дискотеката Пулс денеска ќе се сретнат со тимот на јавни обвинители предводен од државниот Љупчо Коцевски, на која средба ќе им биде објаснето кој од обвинетите што направил и со тоа придоенл да дојде  до големата трагедија од поновата историја на Македонија. Исто така ќе им биде кажано зошто за вкупно 11 осомничени во истрагата е запрена кривичната постапка. На прес конференцијата, обвинителот кажа дека за поголемиот дел од овие немало цврсти докази за обвинување, еден починал од повредите, а пејачот на групата ДНК е во тешка здравствена состојба. На средбата се очекува родителите да ги постават сите прашања кои последната сабота ги изнесоа пред медиумите за време на собирот „Марш на агелите“. Изминатитве денови дел од нив објавија дека се соочуваат со закани поради острите изјави. Средбата е на барање на семејствата и сите заедно ќе се сретнат со обвинителите.

ИЗДВОЕНИ