Формула 1 подготвува голема промена за сезоната 2027 откако беше најавено зголемување на бројот на спринт-трки. Наместо досегашните шест, следната сезона ќе се возат дури 10 спринта. Особено внимание привлекува фактот што меѓу домаќините ќе биде и Монако, каде што првпат ќе се одржи спринт-трка. На календарот се и Бахреин, Австралија, Јапонија и Абу Даби, кое, исто така, првпат ќе биде домаќин на спринт.
Дополнително, спринт-викенди ќе има во Канада, Велика Британија, Италија, Бразил и во Катар, со што Ф1 продолжува да го шири овој формат.
Сезоната 2027 ќе почне во Бахреин, каде што првиот тркачки викенд е закажан за 12 до 14 март. На календарот повторно ќе се најдат и Португалија и Турција, кои се враќаат по пауза од повеќе години.
Вкупно се планирани 24 трки, што значи уште една исклучително густа сезона за најдобрите возачи и тимови во светот на Формула 1.











