петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сè уште активен пожарот во НП „Јасен“

Сè уште активен пожарот во НП „Јасен“

201

На  територијата на државата, во текот на деешниот ден биле регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор. Од нив, активни се два, и тоа пожарот во Националниот парк „Јасен“, каде што гори мешана шума на територијата на Општина Македонски Брод, како и во селото Крапа, каде што горат ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Поради пожарот во „Јасен“, утринава целосно беше затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк „Јасен“, до Македонски Брод.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, нагласи дека пожарот во НП „Јасен“ е тежок за гаснење поради тешко пристапниот терен. Тој нагласи дека во неговото гаснење учествуваат два полициски хеликоптера и еден армиски, додека од земја им се приклучиле 15-мина припадници на специјалната единица на МВР, како и 26-мина припадници на специјалната единица на АРМ.

– Освен тоа, во гаснењето на пожарот учествуваат и  вработени во НП „Јасен“, како и од ЈП „Национални шуми“ – информираше Ангелов.

Под контрола се ставени два пожара и тоа во атарот на селото Нерав, во местото викано Биљино, на територијата на Општина Крива  Паланка, како и во населбата  Дива Населба, во близина на салонот „Дули“ во Куманово.

Ангелов истакна дека се работи и на догасување на пожарот  во скопското село Свиларе, каде што се вклучени два „пинц гауери“ на ДЗС, како и припадници на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. 

Изгаснати се два пожара, и тоа во селото Чешниво во Општина Чешиново – Облешево и во селата Челопеци и Миокази во Општина Кичево.

 

 

 

 

ИЗДВОЕНИ