Се очекува утре да има ново зголемување на цените на горивата, но конечните пресметки треба да ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Минатата седмица, како што рече имало раст на цената на нафтата на светските берзи за околу 5 до 6 отсто, затоа кај нас бензините се зголемија од 2 до 3 отсто.
Според неговите очекувања, дизел горивото би можело да поскапи за околу 2 до 2,5 денари по литар, додека бензините би се зголемиле за околу еден денар.
-Очекувам да имаме зголемување околу 2 до 2,5 денари по литар за дизел горивото и околу денар за бензините, но сепак да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки“, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека и покрај можниот раст, државата, според него, останува меѓу земјите со најниски цени на дизелот и бензините.












