
Американскиот бизнисмен Џеф Безос, основач на „Амазон“ и во моментот најбогатиот човек на планетата, кој беше во брак со Мекензи Скот до 2019 година, која исто така важи за една од најбогатите жени во светот, по разводот пронајде љубов во Лорен Санчес чија рака ја побара во мај 2023 година.
Како што пренесуваат странските медиуми, Безос ја планира својата венчавка летово.
Иако претходно се зборуваше дека ќе се жени зимава во Аспен, основачот на „Амазон“ и самиот ги демантираше гласовите не откривајќи кога навистина ќе се случи венчкавката.
Извор за „Дејли мејл“ откри дека целата венчавка е веќе испланирана, поканите се испратени, а и невестата веќе го има избрано свадбениот фустан.
Многумина веруваат дека венчалната церемонија ќе се одржи некаде во Европа, водејќи се од тоа што тој и Лорен често пловат по Средоземното море.
Како што откри списанието „Вог“ во 2023 година, Санчес планира да го земе презимето Безос, што ја прави многу среќна.