Се бара стопан за велешкиот базен

100

Во втората половина на март Општина Велес треба да распише јавен повик за издавање под закуп на градскиот пливачки базен на пет години. Тоа ќе се изврши преку електронски систем за  јавно надавање.

Ваквата одлука беше донесена на последната седница на Советот на Општина Велес, која едногласно ја усвоија советниците.

Од Општина Велес информираат дека деновиве проценителите треба да направат репроценка на објектот, по што треба  да ја утврдат почетната цена, а потоа посебна Комисија на Општина Велес ќе го изработи јавниот повик во кој таа ќе биде наведена.

Со одлука на Советот на Општина Велес, постигнатата месечна закупнина при јавното наддавање, закупецот ќе ја плаќа за три месеци во тековната година јули, август и септември. Во останатите девет месеци закупецот на Општина Велес ќе ѝ плаќа месечно закупнина од три илјади денари.

Општината го раскина договорот со претходниот закупец, откако две години не плаќал кирија на Општина Велес. Од локалната самоуправа велат дека случајот веќе е предаден на адвокат и неисплатениот долг ќе биде наплатен согласно механизмите на законската регулатива, меѓу кои е и присилната наплата.

 

ИЗДВОЕНИ