Саша Ковачевиќ се жени! Миленик на илјадници жени и девојки од Македонија!

439

Саша Ковачевиќ, српскиот поп-пејач, инаку познат и кај нас, во Македонија, како голем миленик на илјадници наши жени и девојки, најверојатно најмногу поради атрактивниот мускулест физички изглед, деновиве ќе се жени за Зорана Тасовац.      Со неа е во среќна, долгогодишна љубовна врска.

А, која е девојката на најпосакуваниот балкански поп-пејач? Зорана Тасовац е родум од Кикинда, град во Северна Србија, која во 2008 година ја претставуваше Србија на престижен натпревар за убавина во Виетнам. Таа се запознала со Саша во едно кафуле во Кикинда. Веднаш му се допаднала, а ни таа не останала рамнодушна кон него. Си ги размениле телефонските броеви, па потоа почнале да се гледаат, влегувајќи во цврста емотивна врска. Зорана, по некое време, ги избриша своите социјални мрежи, а Саша нивните заеднички фотографии, сакајќи да ја зачуваат интимата од љубопитните новинари.

Зорана има еден неуспешен брак зад себе, со белградскиот угостител Богдан Срејовиќ, кој беше во кратка врска со пејачката Цеца Ражнатовиќ. Богдан и Зорана ја имаат ќеркичката Искра, која Саша ја прифати како своја и која го вика „тато“.

– Јас не сум нејзин биолошки татко, но ја сакам како да е мое дете. И утре, кога со Зорана ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе ми биде моето прво дете – им објасни Саша на (здодевните) новинари. (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ